Со олабавувањето на мерките и дозволата за организирање семејни забави, свадбената индустријата заживеа. Додека една и пол година продавниците беа под клуч, сега се полни со клиенти заинтересирани за злато и сребро, невестински фустани и костуми, не заборавајќи ги подароците за младите парови. Иако бројот на гости е ограничен, ланецот на мали бизниси кои имаат врски со индустријата за венчавки е активиран. Трговците велат дека ова е надеж дека состојбата се враќа во нормала.
Advertisements
„Пред пандемијата и сега се многу големи споредби, имаме голема разлика меѓу она што беше пред пандемијата и сега. Сепак, животот продолжува, младите ќе се венчаат, ќе има свадби. Со укинување на мерките започна интересот на граѓаните, се надеваме дека работата ќе се врати. Како и да е, надежта повторно оживеа“, вели Неџмедин Буши, претседател на здружението на занаетчии.
Но, колку всушност чини свадба во време на пандемија? Трговците велат дека цените се зголемени поради зголемување на цените на суровините на производите. Двојното зголемување на побарувањата за свадбена сала и други работи исто така ги зголемија трошоците. Стопанската комора набројува некои основни цени кои пораснале како резултат на светската криза.
Стопанска комора:
Основната порција на храната во ресторан беше 10-12 евра, сега е од 12-14 евра;
Еден грам злато беше 35-38 евра, сега е од 40-42 евра;
Невестинските фустани беа од 400 евра, сега од 600 евра;
Музичките оркестри со пејач 1.000 евра, сега се 1.500 евра.
Од друга страна, угостителите продолжуваат да ги пресметуваат огромните загуби што ги претрпеле од карантинот, предизвикан од корона. Кревката економија на земјата има значителен бенефит во текот на летната сезона, бидејќи свадбите привлекуваат членови на семејството од дијаспората, со што се зголемува домашната потрошувачка. Оваа година се очекува двојно да се зголеми прометот од дознаките на Дијаспората, приходи за кои се проценува дека се четвртина од државниот буџет.
Аднан Ќаили