Цената на струјата за домаќинствата од Нова година ќе поскапи максимум осум до девет отсто, дознава Алсат од владини извори. Додека финишираат пресметките за новата повисока цени, властите денеска прогласија кризна состојба во енергетиката која во сила во Македонија ќе биде во следниве 30 дена. Со овој потег Владата може во државните енергетски компании да вбризга пари од буџетот. Наместо за ковид програмата, од Илинденска во касите на ЕСМ и МЕПСО ќе префрлат 65 милиони евра за набавка на скапа струја од увоз и одржување на ликвидноста. Надлежните уверуваат дека рестрикции со користењето на електричната енергија нема да се случат.
Извор Алсат