„Најскапо е патувањето со автобус од Скопје кон Охрид и обратно, кое со последното зголемување во еден правец чини 680 денари, додека повратен билет е 930 денари“, објави Сител.
Цените за билетите за меѓуградските линии од денеска се зголемени за 15 до 20 отсто.
Превозниците неколку пати побарале помош од државата да им се намапалат патарините или да се откаже државата кај дел од акцизата.
Според превозниците, зголемените цени на горивата, резервните материјали, струјата и прогласувањето на недела неработен ден, се причини за поскапувањето.
Граѓаните се изненадени, бидејќи цените на билетите биле поскапени без најава.