Цената на гасот во Европа продолжи да расте и повторно го урна историскиот рекорд од пред три дена дена, при што се искачи на речиси 1 200 долари за 1 000 кубни метри.
Цената на гасот во холандскиот гасен центар за трговија ТТФ скокна до 100 евра за MWh на отворањето на тргувањето неделава или на 1 199,44 долари за 1 000 кубни метри, но подоцна се намали за 1,7 отсто на околу 1 150 долари, пренесува ТАСС.
Една од причините за ваквото нагло зголемување на цената можеби лежи во фактот дека протокот на гас преку гасоводот Јамал-Европа, кој се протега од Сибир во Русија до Германија, рано утрово се намали за трипати, по што повторно се искачи на околу 0,5 милиони кубни метри на час. Протокот на гас преку овој гасовод изнесуваше 2,2 милиони кубни метри на час во четвртокот, додава руската агенција.
На почетокот на оваа недела цените на гасот во Европа надминаа 1 000 долари за 1 000 кубни метри, првпат во историјата, по што тие продолжија да растат над нивото од 1 100 долари.