Што е целта на „Огнената група“ од ДУИ, која во изминатите четири месеци неколку пати испорачува барања до Али Ахмети, незадоволна од кадровските решенија и од неостварените изборни ветувања? Иако нивната критика е главно насочена кон слаби резултати, нискиот рејтинг на министрите од ДУИ и барање тие да бидат заменети со попродуктивни кадри, аналитичари сметаат дека причините за незадоволство имаат и друга страна, пренесува Дојче Веле.
„Разидувањата внатре во ДУИ се од идеолошка природа, преплетени со прагматични елементи. Се работи за внатрепартиска битка за насоките и ориентацијата на партијата, нејзиниот профил и идентитет како и за власта која сега ја има ДУИ. ‘Огнената група’ испрати порака дека нивната борба не завршила со изборот на партиските тела, кое беше главната причина за неодамнешните турбуленции. Ниту пак со позициите кои ги добија во ДУИ. Крајната цел е преземање на кормилото на партијата откако Ахмети ќе се повлече. Во 2023 година е закажан конгрес на партијата, како и реизбор во сите ограноци, со што и официјално почнува трката за превласт“, вели Незири.
Целиот текст на Дојче Веле