„Основната цел на Кралска Југославија е уништувањето на Бугарија како држава и нејзино окупирање од страна на Белград. Српските тајни служби ја дефинираат ВМРО како најголема бугарска закана и најопасен непријател на кралството Југославија“, изјави во ексклузивно интервју за БГНЕС Кирил Тодоров, автор на монографијата „Тајните служби на Кралска Југославија против Бугарија и ВМРО(1920- 1941 година)“.

Монографијата на Тодоров е прв научен труд по темата, кој што се темели на бугарски и југословенски архивски документи.

 

„Целата активност на југословенските разузнувачки служби до 1934 година била насочена кон окупирање на Царство Бугарија. Во случај целта да не биде постигната, Белград го менува планот и почнува да работи за окупирање на Пиринскиот дел, ќустендилско, радомирско, дури до рудниците на реонот на Перник“, вели авторот на монографијата.

Тодоров ја нарекува легацијата на Кралство Југославија во Софија змиско шпиунско гнездо.

„Во периодот меѓу двете светски војни против Бугарија и ВМРО работат дури четири разузнавачки служби: Воено разузнавање, разузнавањето на Министерството за внатрешни работи, Четвртиот оддел на Министерството за надворешни работи и Службата на централното прес-биро. Сите тие ја користат легацијата на Кралство Југославија како прикритие за своите активности“, вели Тодоров.

Авторот на монографијата наведува дека по неуспесите на јунското и септемвриското востание многу припадници на Бугарскиот земјоделски сојуз бараат спас во Кралство Југославија.

„Во Бугарија југословенските кралски служби соработуваат со комунистите и припадници на БЗНС“, вели Тодоров.

„ВМРО во тој период е водена од Тодор Александров и генерал Александар Протогеров. Тајните служби на Југославија имаат за цел да создадат интриги меѓу различните групи во Македонското револуционерно движење и за таа цел се ориентираат точно кон Македонската федеративна организација. Многу припадници на таа Организација бегаат во Југославија со помош на високи службеници на кралското југословенско разузнавање.
Военото аташе Љуба Крстиќ и Жика Лазиќ ја создаваат анти-бугарската Организација „Здружение за борба против бугарските бандити“. Здружението се бори со ВМРО, со помошта на контра чети, коишто се испраќаат дури и на бугарска територија“, вели Тодоров.

„Кралското југословенско разузнавање прави три неуспешни и еден успешен преврт против Бугарија. Државниот удар од 19 мај 1934 година е југословенски проект за ликвидирање на Бугарија. Во него се вклучени: земјоделците, Г.М. Димитров и Коста Тодоров, Кимон Георгиев, Дамјан Велчев, Лев Главинчев, Петар Шанданов и Димо Казасов.
Резултатот од 20 годишните активности на 4-те кралско југословенски тајни служби се многубројните диверзии и терористички акции на територијата на Бугарија, трите неуспешни и едниот успешен обиди за удар, убиствата на голм број дејци на ВМРО и самото растурање на Организацијата.
Во 1932 година легацијата на Кралска Југославија е наречена во бугарскиот печат змиско шпиунско гнездо“, вели Тодоров во интервјуто за БГНЕС.