Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека новината која се внесува на кејот „13 ноември“ е тоа што целосно ќе се ограничи движењето на возилата.
Тој вели дека и сега имаат проблеми со навиките на скопјани, но најавува строгост и рестрикции.
„Новината што таму ја внесуваме е целосно го ограничуваме движењето на возилата, имаме проблеми и сега со навиките на граѓаните, меѓутоа ќе бидеме многу строги и многу рестриктивни со сериозна казнена политика затоа што луѓето мора да разберат дека она што е наменето за граѓаните, не е наменето за возилата. Ова е наменето пред се за пешаците, децата, велосипедистите, а не за задоволување на лични хирови на некои што сакаат да бидат мангупи со паркирање на автомобили пред кафуле“, додава Шилегов.