Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, најави дека од утре ќе се воведе седумдневен карантин во најголемиот град Окленд, со два милиони жители, поради појавата на еден случај на Ковид-19 од непознат потекло.

Остатокот од земјата ќе биде под режим на ограничувања од 2-та категорија, што, меѓу другото, забранува јавни собири, објави Ардернова, пренесува Ројтерс.

Окланд веќе беше под тридневни итни ограничувачки мерки во средината на февруари, бидејќи беше потврдено присуството на британскиот вид на коронавирусот во тричлено семејство.