Министерката за образование и наука, Мила Царовска, смета дека државата има обврска да го обезбеди правото на матурантите да полагаат државна матура, која е услов за запишување на учениците на факултет.
„Она што е дадено како опција во концепцијата за државна матура е правото на училишна матура и правото на стручен испит за сите оние што не сакаат да полагаат државна матура. Средното образование е задолжително со закон, но државната матура е избор“, одговори Царовски на пратенички прашања.
Таа објасни дека лани не се полага матура поради вонредна состојба со пандемијата на коронавирусот иако смета дека им е направена неправда на учениците кои лани поради неполагање матура не можеле да се запишат на странски универзитети.
„Дури и на едно дете да му го скратиме правото да го оствари својот сон, сме направиле огромен грев. Токму затоа, ние како Влада нема да се охрабриме на учениците што се матуранти оваа година, да им го скратиме правото да си ги остварат своите соништа“, нагласи Царовска.