Претставниците на граѓанскиот сектор дадова нови предлози и забелешки на новиот концепт на реформа во основното образование на денешната средба со минисерката за образование Милка Царовска.
„Има недвосмилсена поддршка за концепцијата затоа што таа предвидува оринтација кон граѓанските вредности, коишто се и европски вредности, кои се базираат на мултикултура, на родова рамноправност и инклузивност“, рече по средбата Царовска.
Таа објасни дека дебатата ќе заврши до средината на февруари кога треба да почне подготовката на наставните програми и материјали.
Во меѓувреме до МОН стигнале уште триесетина забелешки од институциите за новиот концепт на образование.