Министерката за образование и наука Мила Царовска и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска денеска го посетија СУГС „Никола Карев“ – Скопје, по повод отпочнување на процесот на полагање државна матура во учебната 2020/2021 година.
Царовска истакна дека денеска е значаен ден како како за матурантите така и за образовниот систем и оти како држава покажавме дека можеме да имаме образование кое што во континуитет се одвива целата учебна година и во време на пандемија.
-Исто така, покажавме дека знаеме и можеме безбедно да спроведеме матурски испити, што укажува дека се одржуваме во стандардите коишто се дел од европските и земјите што се развиени. Матурата е значаен чин заради тоа што тоа е на некој начин заокружување на еден степен на образование. Токму затоа денеска им посакувам среќа и многу знаење на сите матуранти денеска успешно да го завршат првиот задолжителен испит и многу среќа на вториот испит којшто е исто така екстерен, секако и на интерните испити, рече Царовска.