Министерката Мила Царовска очекува дека Владата на седница денеска ќе донесе одлука за почеток на учебната 2021/2022 година со физичко присуство на наставата. Овој преглог доаѓа од Главниот кризен штаб кој вчера на состанок оцени дека се создадени услови за отворање на училиштата.
Тоа ќе значи дека од 1 септември сите ученици од прво до деветто во основно и учениците во средните училишта ќе се вратат во училишните клупи. Минатата учебна година на настава физички присуствуваа само учениците до трето одделение и повозрасни ученици во мали училишта односно подрачни и во рурални средини, а другите следеа онлајн-настава.
„Училиштата се веќе обучени, има протоколи, лани беа отворени за помалите ученици и немавме инциденти на интерно ширење на вирусот. Затоа, за оваа година, во интерес на учениците, Кризниот штаб препорача и денеска имаме владина седница на која очекувам дека ќе биде потврдена одлуката, изјави денеска Царовска на новинарско прашање при посета на ОУ со ресурсен центар „Иднина