Министерството за образование и наука и Владата продолжуваат со подготовката на дигиталните материјали за учење и покрај повлекувањето на Предлог-законот за учебници од собраниска процедура. Реформите ќе почнат според утврдениот план од септември во прво и четврто одделение, истакна министерката образование и наука Мила Царовска на гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Како што вели таа, експертите се слушнати, дебата имаше и дека нема да отстапат од најавените реформи.

Како што е познато, поради ваквите најави за дигитализација на образованието и учебниците беа одржани неколку протести.