Поради изгубените часови за време на бојкотот на наставата, училиштата ќе се реорганизираат и ќе ги надоместат изгубените часови на матурантите, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговорајаќи на новинарско прашање во Штип каде што се одржува дебата за средно стручно обарзовани
Повтори дека сите коишто сакаат да продолжат на факултет мора да имаат положено државна матура, а обврска на Министерството за образование и наука и на Владата, рече, е таа да се спроведе согласно со законските рокови.
Матурантите ја бојкотираат наставата во второто полугодие бидејќи бараат наместо четири, да полагаат два предмети, од кои едниот мајчин јазик, а вториот да биде изборен. За ова побараа поддршка и од пратениците во Собранието, а единствено јавно со поддршка им одговори ВМРО-ДПМНЕ.