Министерката за образование Мила Царовска не попушта пред притисокот на невладини организации, кои бараат онлајн настава за учениците. Царовска вели дека ги почитува различните мислења за начинот изведување на настава од први септември, но остана на ставот дека наставата ќе почне со физичко присуство на учениците.
Инаку, Граѓанската активистка Ана Глигорова во името на 15 000 членови на неформална група за он-лајн настава, тврди дека со одржувањето на настава со физичко присуство нема да има можност децата да одржуваат дистанца.
Таа рече дека правото на живот и правото на здравје е неприкосновено из агарантирано е со Уставот, со Универзалната декларација за човекови права.
„Со оглед на тоа што ни доаѓа цунами, имаме секој ден по 30 починати, огромен број на заболени, меѓу нив и млади луѓе кои добиваат тешка клиничка слика, сметаме дека оваа учебна година треба да биде со он-лајн настава по секоја цена“, истакна Глигорова во изјава за медиумите.
Спопоред неа, во училница од 36 м2 со 30 или 32 деца нема можност да се одржи дистанца.
„За едно дете да може да одржува дистанца, потребни се 13 м2 слободен простор. Значи, во една училница може да има најмногу две деца и еден наставник. Значи, условот за некаква дистанца не може да исполни“, објаснува таа.