Министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на пратеничко прашање на Владо Мисајловски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека укинување на печатени учебници не постои, туку законски за првпат се гарантира пристап до аудиоверзија, верзија од Брајово писмо, дигитална колаборативна верзија и печатен учебник и тоа е така во законското решение.
„Укинување, укинување, укинување… Самите се обидувате да наметнете термин кој не постои. Она што се обидувате да го постигнете изминативе три дена со манипулација на учениците, родителите и наставниците е страшно и токму затоа добивте шамар денеска од Здружението на средношколци кое што ви кажа дека тоа не е организирано од нив и дека треба да внимавате со злоупотребата на ученици за партиски цели”, рече Царовска.