Министерката за образование и наука, Мила Царовска, тврдии дека концепцијата за реформите во основно образование има широка поддршка од директорите иако постои страв од непознатото кој треба да се совлада.
“Реформата е започната навреме и со години трае овој процес кој сега мора да финишира, бидејќи секој ден доцнење е на штета на идните генерации, вели Царовска.
Таа смета дека на наставниците им е потребна интензивна обука за да можат да се прилагодат на новата концепција.
Ставот на Сенатот на УКИМ е дека реформата треба да почне како пилот проект, а за целосно спроведување треба многу повеќе време.
“Избрзаните и недоволно обмислени одлуки и решенија донесени од МОН, без јавна и ефективна дебата, можат да предизвикаат сериозна штета со далекусежни последици“, велат во соопштение сенаторите на УКИМ.
Силни реакции во јавноста предизвика идејата за спојување во еден предмет на историјата и географијата, попврзувајќи го тоа со спорот со Бугарија околу историските прашања.