Вршителот на должноста министер за Европа и надворешни работи на Албанија, Гент Цакај, денеска престојуваше во официјална посета на „Музејот на албанската азбука“ во Битола. Тој е прв министер за надворешни работи на западниот сосед кој официјално да ја посетил Битола, каде пред 100 години беше официјализирана албанската азбука.

При посетата, шефот на дипломатијата Цакај, донираше важни историски материјали зачувани во архивите на албанската држава што со години недостасуваа во Музејот на азбуката. Овие историски материјали, според Цакај, служат за зајакнување на националната меморија и дополнително збогатување на Музејот на азбуката во Битола.

– Ова се преписките и поканите меѓу делегатите, записниците за работата на Конгресот, некои фотографии, како и печатот на друштвото „Утринска ѕвезда“ на сестрите Кајтази. Овие материјали се веќе додадени во историскиот фонд на Музејот на азбуката во Битола, истакна Цакај.

За време на престојот во Битола, Цакај го посети и почесниот конзулат на Албанија и оствари средби со претставници на албанската заедница и граѓанското општество во Северна Македонија.