Според нив, во целата ситуација проблемот е многу поголем, а оди во корист на градежниот бизнис. Спроти нивните дворови има празен простор каде што треба да се направат седум висококатници. Тие се уверени дека зад градењето поголема улица се крие намерата да се изградат зградите кои целосно ќе го сменат ликот на населбата. Решението го гледаат во поместувањето на улицата неколку метри, во делот што е предвиден за зградите
Бараат од градските власти при отворањето на новиот пат на улицата „Боца Иванова“, кој се протега од кружниот тек во Бутел 1, па сè до булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, да се направи промена на планираната траса. Како што е предвидено да се реализира овој проект, ќе се навлезе во дворните места на 16 семејни куќи, велат тие
„360 степени“ дојде и до договорот што Град Скопје го има склучено со фирмата која ќе ја гради оваа улица во должина од 600 метри. Друштвото за производство, градежништво, трговија, транспорт и услуги „Филип инженеринг“ од село Бразда, Чучер Сандево, е фирмата со која Град Скопје го има склучено договорот и која во рок од девет месеци од денот на доставен писмен налог за воведување во работа од страна на договорениот орган. Вкупната вредност на овој договор со пресметан ДДВ изнесува 39 904 912 денари

На Општина Бутел, една од се поретките скопски населби каде што индивидуално се домува во семејни куќи, ѝ се заканува изградба на објекти високи и до 20 метри. Од ова стравуваат дел од жителите на улицата „Хо Ши Мин“ кои се децидни дека и Бутел ќе стане непрепознатлив, ќе се задуши, ќе го изгуби мирот што сега го има, но и шмекот на тивко и безбедно место за живеење без згради.

Жителите на улицата „Хо Ши Мин“, сопственици на куќите со број од 425 до 439, утре во 10 часот ќе излезат на предупредувачки протест за да им укажат на општинските и градските власти дека нема да дозволат изградба на дел од улицата „Боца Иванова“ со која ќе им биде одземено дел од земјиштето што го користат од 1964 година. На протестот, како што најавуваат жителите, ќе им се придружат и останатите истомисленици од останатиот дел од Бутел.

Ако треба, и со жив штит ќе ги браниме дворовите
„Ќе излеземе, ако треба и со жив штит ќе ги браниме имотите. Нема да дозволиме улицата да ни поминува во дворовите. Ние не сме против тоа да се направи улицата, но бараме да се помести и да поминува неколку метри подалеку“, велат дел од жителите со кои разговараше „360 степени“.

Според нив, во целата ситуација проблемот е многу поголем, бидејќи во заднина стои бизнис-интерес. Спроти нивните дворови има празен простор каде што треба да се градат седум висококатници. Затоа тие се уверени дека целта на изградбата поголема улица е да се отвори пат за во овој дел да се изградат згради кои ќе го сменат ликот на населбата. Решението го гледаат во поместувањето на улицата неколку метри, во делот што е предвиден за зградите.

„Со изградбата на улицата во нашите дворови се остава целосно чист делот каде што со Деталниот урбанистички план има маркици за изградба на седум згради високи и по повеќе од 20 метри. Во овој дел, предвиден за градба, минуваат цевки од водоводот од кој се снабдуваат жителите на половина Скопје. Сега го подготвуваат теренот за да ги преместат тие цевки и целата парцела за зградите да биде чиста“, додаваат тие.

(Целата сторија прочитајте ја на 360 степени)