Барселона не можеше да се договори со ветераните на тимот за намалување на платите. „ЕСПН“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека директорот на Барса, Матеу Алемани разговарал со агентите на Серги Бускетс, Жорди Алба и Серхи Роберто за да преговараат за намалување на платата, но играчите не се согласиле на ваков чекор.
Бускетс заработува околу 16 милиони евра годишно, Алба околу 13 милиони, додека Роберот околу 10,5 милиони.
Каталонскиот клуб се обидува да се вклопи во лимитот на платите за запазување на финансискиот фер-плеј. Затоа, Барселноа калкулира со регистрирањето на Лионел Меси, Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Ерик Гарсија во тимот.