Пред Ливерпул можеби е и клучна недела.
Островските медиуми започнаа вести дека сè уште не е постигнат договор меѓуб Хендерсон и управата на клубот за продолжување на договорот, па капитенот може да го напушти „Енфилд“.
Јирген Клоп е загришен поради тоа.
Евентуалното заминување на Хендерсон би значело сериозни проблеми, бидејќи Виналдум замина претходно и сеуште нема нов играч за врска.
Клоп сака работата околу Отави да заврши што е можно побрзо, а ако е можно и околу Сабицер, а ова го соопшти утрово раководството на клубот, пренесуваат некои англиски медиуми, но на Германецот му се врзани рацете.
Управата ќе го каже последниот збор, а навивачите полека го губат трпението.
Ливерпул не смее да сзаостане ова лето. Засилувања мора да има. Ѓердан Шаќири е исто така блиску до заминување, а освен Ибрахим Конате од Долс, „црвените“ не направија ништо конкретно на трансфер пазарот.
Времето станува сè пократко, сезоната започнува во средината на август, а Клоп нема вистинска слика за списокот.
Евентуалното заминување на Хендерсон дополнително предизвика аларми на „Енфилд“, кои беа стишени, и се чини дека сега е време за конкретни потези, можеби веќе оваа недела.