Ќе застанеме во ред и ќе чекаме, порачуваат тренерите и фудбалерите на германските екипи.
Германската Бундеслига нема да има привилегиран третман кога станува збор за ваквинацијата против коронавирусот.
Тренерите, фудбалерите и челниците на Лигата се свесни дека вакцините им се попотребни на медицинските работници, старите лица како и хронично болните.
Прв кој се огласи е тренерот на Келн, Хорст Хелдт, кој изјави дека неговите играчи ќе чекаат колку што е потребно.
– Ние ќе застанеме примерно во ред и ќе чекаме – изјави Хелдт.
Веднаш потоа се огласи и тренерот на Борусија Менхенгладбах, Марко Розе кој вели дека приоритет во ваквинацијата треба да имаат здравствените работници и старите лица.
– Прво во редот треба да бидат старите лица и тие кои се во домовите за нега и во болниците. Ние фудбалерите доаѓаме на ред во јуни или јули. Нема да се туркаме преку ред – порача Розе.
Челниците на Бундеслигата се задоволни како функционира корона протоколот и исто така порачуваат дека вакцинацијата која деновиве започна има одредени приоритети и нема потреба да брзаат.