Министерот за надворешни работи Бујар Османи, неодамна, во интервју за ТВ Алфа и емисијата „Заспиј ако можеш“, конечно одговори на обвинувањата од страна на Никола Димитров, но и на други политичари кои го обвинуваат дека во процесот на преговорите со Бугарија „бил неосетлив за Македонците и нивните национални интереси“.
„Ова никогаш не ми било сфатливо „вие сте Албанец, ја немате осетливоста за Македонците. Вие знаете дека јас сум хирург и ова што го говорите е како да ми кажат „Вие не треба да оперирате Македонци, зашто не сте осетливи“!. Прашањето е или си ја знаете работата или не.
Османи потсети дека како лекар има дадено хипократова заклетва , а како министер заклетва во Парламентот и додаде:
„Ние Албанците сме луѓе од беса (збор). Кога сме кажале дека во оваа работа сме со овие позиции, попрво ќе изгинеме, отколку ќе предадеме. Барем по тоа сме познати како етничка карактеристика. Затоа не држи тезата Вие не сте осетлив на прашањето“.