Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе има средба со државната министерка на Сојузна Република Германија надлежна за Европа, Ана Лирман.
За време на посетата, Османи ќе оствари средби во Бундестагот, и тоа со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања. Агендата на министерот Османи предвидува и средби со советниците на германскиот Канцелар Олаф Шолц – Јенс Плотнер, за надворешна политика, и Ундине Руге, за ЕУ прашања.
Целта на посетата е да се реафирмира германската позиција во однос на нашето европско досие и поддршката во однос на итната потреба од деблокирање на пристапниот процес со ЕУ. Се очекува на средбите да бидат разменети мислења и за регионалната динамика, како и за безбедносната состојба на европскиот континент, во светло на новите геополитички предизвици.
Од Берлин, министерот Османи патува директно за Софија.