Марко Трошановски, од Институтот за демократија вели дека нивното истражување покажало дека ставовите на Бугарија, ветото, го поттикнале евроскептизисмот кај македонското население. Прво тоа беше покренато со француското неодобрување на стартот на преговорите поради новата методологија, но сепак како што вели големо влијание има бугарското вето.
– Разбирливо е зошто луѓето се разочарани, а виновник за тоа е никој друг освен Бугарија која што избра симболички теми, историски теми да ги наметне, наспроти критериуми кои што треба да оценат заслуга и компетенција“, вели Марко Трошановски во изјава за ТВ21.