„На 4 април 2021 година во Бугарија ќе се одржат парламентарни избори. Сите бугарски државјани што имаат наполнето 18 години, немаат забрана за гласање и не се наоѓаат во казнено поправна институција, а сакаат да гласаат во странство на изборите, треба да го пријават тоа преку пријава за гласање надвор од земјата по еден од следните два начини:

-Во писмена форма пред Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје или пред Генералното конзулство во Битола. Пријавата за гласање станува преку формулар утврден од Централната изборна комисија, не подоцна од 25 дена пред изборниот ден. Форомуларот треба да биде потпишан своерачно и поднесен лично или испратен преку писмо до Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје на адреса ул. Златко Шнајдер“ бр.3 или до Генералното конзулство во Битола на адреса ул. „Први мај“ бр. 53.

– Преку електронско пријавување на интернет страницата на Централната изборна комисија. Во случај ако одреден граѓанин нема поддадено пријава за гласање надвор од земјата според горенаведените начини, бугарските државјани што сакаат да гласаат во денот на изборите можат да го направат тоа ако потполнат Декларација пред СИК по даден образец.

За повеќе информации во однос на електронското пријавување и информација за гласањето надвор од земјата следете ги официјалните страници на Централната изборна комисија и Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија“, стои во соопштението на Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје.