Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска се состанал со раководителите на бугарските безбедносни служби. Едно од разгледуваните прашања на состанокот било за преземањето на навремени мерки за соодветна заштита на правата на бугарските граѓани во странство, кога тие се нападнати само поради нивната национална определба.

„Причината за средбата е писмото добиено во претседателската институција од Центарот за култура „Иван Михаилов“ – Битола, како и сигналите на наши сонародници од Република Северна Македонија, за чести повреди на нивните права само поради фактот што тие се идентификуваат како етнички Бугари“, велат од кабинетот на претседателот Радев.

На состанокот учествувала и потпретседателката Илиана Јотова.