Премиерот на Бугарија, Николај Денков на 7 септември ќе одговара на прашања на Фејсбук, соопшти владината служба за информирање.

На 6 септември се навршуваат три месеци од стапувањето на власт на Владата, поради што премиерот Денков од девет до 10 часот (по бугарско време) во живо на Фејсбук страницата на Министерскиот совет ќе одговара на прашања од граѓаните и медиумите.

Прашања до Денков може однапред да се постават во коментарите под видео најавата на премиерот, како и за време на директниот пренос на Фејсбук страницата на Министерскиот совет.