Бугарскиот олимписки комитет (БОК) излезе со официјална изјава во врска со учеството на спортистите кои паднаа на половиот тест на боксерскиот турнир на Олимписките игри.

Денес, Италијанката Ангела Карини во 46-та секунда одби да го продолжи мечот во осминафиналето на Олимпијадата против алжирскиот боксер(ка) Иман Келиф, кој падна на тестостерон во 2023 година.

Ние сме посветени на заштита на правата не само на Бугарите, туку и на сите спортисти кои може да бидат оштетени од учеството на припадниците на спротивниот пол во женските натпревари. Освен тоа, загрижени сме и за здравјето на спортистките, бидејќи научно е докажано дека машките удари се посилни од женските, што може да доведе до сериозни повреди, стои во соопштението на БОК.

Карини се расплака поради неправдата и одби да се ракува со Келиф по мечот.

Од БОК очекуваат организаторите на женскиот боксерски турнир на Игрите во Париз да не останат рамнодушни на ова прашање и да го земат предвид стручното мислење.

По ситуацијата на боксерскиот турнир на Олимпијадата, и италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека спортистите кои паднале на тестот за пол не треба да се натпреваруваат во женска конкуренција, а британската писателка ЏК Роулинг приемот на Келиф на натпреварување го нарече срам.