Бугарскиот културно-информативен центар во Израел (BCICI) и неговата претседателка, г-ѓа Рина Бакалова изразија поддршка за претседателот на забранетиот клуб „КЦ Иван Михајлов“ Љубчо Георгиевски, кој е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем, јавува Трибуна.

Во официјална изјава, Бакалова ја осудува обвинителната постапка, нарекувајќи ја „политички мотивирана“ и „дискриминаторска“. Таа нагласува дека во Израел, како плуралистичко општество, почитувањето на различните гледишта и културните права е основен принцип.

„Не постојат историски докази дека Иван Михајлов имал антисемитски ставови, па од тука името на центарот не може да се смета за навредливо кон еврејската заедница“, рече Бакалова. Таа исто така ги повика властите во Северна Македонија да не ја злоупотребуваат трагедијата на Холокаустот во внатрешните политички дебати.

Бакалова истакнува дека ваквите обвиненија можат да го загрозат европскиот пат на Северна Македонија, бидејќи ЕУ е заснована на вредностите на толеранцијата и слободната размена на идеи.

Љупчо Ѓоргиевски кој е активист за правата на македонски Бугари, се соочува со правни последици поради неговата улога во основањето на центарот, кој дел од јавноста го смета за контроверзен.

Бугарскиот културен центар во Израел ја истакнува важноста на заедничката историја и взаемното почитување, повикувајќи на дијалог наместо конфронтација.

Ви го пренесуваме целосниот текст на официјалната изјава со поддршка на Бугарскиот културно-информативен центар во Израел до Љупчо Ѓоргиевски:

ДО
ОСНОВЕН СУД, ГР. БИТОЛА
Република Северна Македонија
Копие: До Јавноста во РСМ

ПОЗИЦИЈА

На: Рина Леон Бакалова – претседател на Бугарскиот Културен Центар во Израел

ЗА ОБВИНИТЕЛНИОТ АКТ ПРОТИВ: ЉУПЧО БРАНЕ ЃОРГИЕВСКИ

Обвинителниот акт, со кој се запознавме, длабоко нè загрижи. Наведените факти во обвинението, како на пример тоа дека седиштето на Центарот „Иван Михајлов“ се наоѓа во поранешна зграда во „Еврејското маало“, каде што за време на Втората светска војна се наоѓало „Друштвото на младите Евреи – Хашомер Хацаир“ (која е ционистичка и нерелигиозна организација), или дека отворањето на Културниот центар „Иван Михаилов“ во гр. Битола се случило во саботен ден, не ги сметаме за релевантни.

Сакам категорично да истакнам дека ние не сметаме дека отворањето на споменатиот културен центар на било кој начин ги навредува чувствата на еврејската заедница.

Израел е плуралистична држава во однос на религијата, степенот на религиозност на поединечните заедници, како и на националниот идентитет и политичките преференции на разновидните групи во општеството. Во Израел преовладува духот на меѓусебно почитување и почит кон правото на мислење на различните заедници, се додека тоа не го ограничува правото на другите на свое мислење и став.

Во смисла на горенаведеното, сметам дека постапките на обвинителството во случајот против г-дин Ѓоргиевски содржат елемент на дискриминација и ограничување на правото на постоење, што е основен принцип на демократијата и моралот на Европската Унија.

Сметам дека употребата на „еврејската карта“ во овој процес е политички акт, длабоко навредлив за споменот на еврејските жртви на нацистичкиот режим за време на Втората светска војна.

Не се познати историски податоци за антиеврејска дејност или изјави на Иван Михајлов, така што изборот на името на Бугарскиот Културен Центар во Битола, на кој било начин, не може да се смета за непочитување кон еврејскиот народ.

Ве молам, во споровите и несогласувањата меѓу поединечните компоненти на општеството на РСМ да не се меша темата за трагедијата на еврејската заедница за време на Холокаустот, бидејќи, особено во светлината на антисемитските расположенија и нападите од последните денови, тоа би го попречило цивилизацискиот избор на РСМ за приклучување кон ЕУ.

ЕУ е заедница на цивилизирани народи, основана на принципите на толеранција и слободно движење на луѓе и идеи, и јас верувам дека општеството во РСМ има своето заслужено место во таа заедница!

Со почит,
Рина Бакалова