Амбасадорот на Република Бугарија во Северна Македонија, Ангел Ангелов денеска беше во посета на Бигорскиот манастир.
-Во посета на Свештената бигорска обител на Чесниот Претеча денеска беше амбасадорот на Реублика Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов и аташето за култура Петар Петров, кои одблиску се запознаа со нашата милениумска Светиња, информираа од манастирот.
Aмбасадорот и аташето биле пречекани од игуменот на манастирот, епископ г. Пратениј, кој ги запознал гостите со евангелската мисија на бигорското братство.
-На средбата беше разговарано и за моментната состојба на билатералнте односи помеѓу двете држави, при што сите ја истакнаа неопходноста од поголемо братољубие, почит и доверба меѓу православните братски народи, согласно христијанската доктрина за љубовта, посочуваат од манастирот, велат од манастирот.
Високиот гостин, од своја страна му честиташе на Старецот за хиротонијата во епископ и му се заблагодари за топлиот пречек, посакувајќи му понатамошно благоуспевање во неговата пастирска дејност.