Фудбалските судии од Бугарија Георги Кабаков и Мартин Маргаритов ќе бидат во тимот на главниот судија на мечот РС Македонија-Холандија, романецот Иштван Ковач на Европското првенство во фудбал.
Кабаков ќе биде четврт судија на натпреварот, додека Маргаритов ќе биде резервен судија во случај на итна ситуација или повреда на некој од титуларните судии.