“Антибугарската кампања во Република Северна Македонија не запира и во моментот достигнува нов Монт Еверест. Бугарија е обвинувана за многу гревови во скопските медиуми. Без антибугарската кампања, РС Македонија не може да постои како независна држава, македонизмот се темели на антибугаризам “, вели во интервју за БНР, д-р Воин Божинов, историчар од БАН, пренесува Фактор.бг.
„Во главите на некои политичари во Скопје, сè уште кружи идејата дека тие живеат во Југославија, дека тие се луѓето кои треба да ги диктираат условите за влез на нивната земја во ЕУ … Тие имаат големи надежи дека притисокот од надвор ќе ја натера нашата земја да направи отстапки и дури не го кријат тоа. Однесувањето на нашите пријатели од Берлин не е дипломатско. Лош впечаток остава и однесувањето на Австрија, која активно интервенира во нашиот билатерален спор. Да не ги спомнувам големите надежи во Скопје за остра интервенција на САД “, коментира уште Божинов.