Вечерва во посета на Битола е бугарската потпретседателка Илијана Јотова. Таа нема предвидено официјални средби. Утре ќе ги посети бугарските воени гробишта во Цапари и ќе присуствува на изложба во Бугарскиот конзулат во Битола, а ќе вечера во Ловечка куќа во ресенското село Евла.

Секторот за внатрешни работи – Битола денеска соопшти дека денеска и утре на територијата на Битола и околината, која е во нивна надлежност, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради денешната посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова и утрешната посета на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски по повод одбележувањето на годишнината од постоењето на РЕК „Битола“.