Бугарската писателка и преведувачка Здравка Евтимова зеде учество во првиот подкаст на европскиот книжевен фестивал „BookStar“ што започна вчера во Скопје. Таа е една од авторките од повеќе европски земји специјално поканети од организаторот на фестивалот, фондацијата „Метаморфозис“, која до 3 октомври ќе учествува на различни книжевни настани во рамките на десеттото издание на фестивалот, јавува БТА, пренесува Трибуна.
„Мило ми е што програмата е толку полна со средби и разговори, што е доказ за внимателната и огромна работа на организаторите. Овој фестивал е начин не само за поврзување со другите луѓе кои пишуваат, туку и за докажување дека почитта кон другиот творец е патот напред“, изјави Здравка Евтимова за БТА. Во вторник, таа ќе учествува, заедно со португалскиот писател Хозе Луис Пеиксото, во разговорот наречен „Миграција на духот и телото и (р)еволуција“.
Меѓу авторите што Скопје ги пречекува годинава се Јон Калман Стефансон (Исланд), Алесандро Барико (Италија), Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Хозе Луис Пејсото (Португалија), Игор Мароевиќ (Србија), Паола Перети ( Италија), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина) и Мирженка Чехова (Чешка).
По повод десеттото издание, годинава за прв пат се доделува специјалната награда „BookStar x10“, чиј добитник е италијанскиот писател Алесандро Барико, а лауреат на традиционалната награда BookStar за 2024 година е исландскиот писател Јон. Калман Стефансон.
Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, е партнер на фестивалот.