Репрезентацијата на Бугарија се пласираше во финалето на Светското првенство во одбојка за мажи за првпат по 1970 г., јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

„Лавовите“ во полуфиналето ја совладаа Чешка со 3:1 (25:20, 23:25, 25:21, 25:22) на шампионатот што се одржува на Филипините.

Александар Николов беше најзаслужен за успехот со 31 поен, додека капитенот Алекс Грозданов постигна 12, а Аспарух Аспарухов заврши со 10. За Чешка, најпродуктивен беше Лукаш Вашина со 17 поени.

Бугарија ќе игра утре за златниот медал против победникот од второто полуфинале меѓу Полска и Италија.