Бугарската компанија за софтверско инженерство Scalefocus ќе вработи 300 инженери во следните пет години кои ќе работат на иновативни проекти за дел од најголемите светски компании. Компанијата вработува ИТ професионалци и програмери од земјава и верува во високиот инженерски потенцијал и капацитетот на локалниот ИТ еко-систем.
Од своето основање во 2012 година, компанијата има изработено повеќе од 500 успешно завршени проекти во 26 земји, кои континуирано се користат од страна на нивните партнери.
Денес, Scalefocus вработува повеќе од 730 ИТ професионалци распределени на 6 различни локации“, велат од компанијата.
Компанијата е присутна на пазарот во Македонија веќе неколку години, а од крајот на 2019 година има и сопствена канцеларија во Скопје.