Бугарската амбасада во Скопје го одбележа Денот на Христо Ботев и на сите што загинале во борба за слободата и независноста на Бугарија. Свеченоста се оддржа вчера пред барелјефот на големиот бугарски револуционер во Скопје.
Во својот говор амбасадорот Ангел Ангелов се осврна на моменти од богатиот животен пат и дело на славниот бугарски револуционер. Амбасадор Ангелов ги прочита и имињата на ботевите четници кои потекнуваат од Македонија.
Ученици од Бугарското неделно училиште во Скопје рецитираа стихови посветени на Христо Ботев. Во крајот на церемонијата претставници на бугарските здруженија во РС Македонија, гостите од Бугарија и представници на амбасадата положија свежо цвеќе на барелјефот на Христо Ботев.