Бугарската амбасада во Скопје и Генералното конзулство на Бугарија во Битола ги покануваат сите бугарски државјани кои имаат валидни документи за идентификација, кои живеат во РС Македонија или времено се наоѓаат на територијата на РС Македонија, да го искористат своето право на глас на изборите за Парламент, кои што ќе се одржат на 2 април годинава, јавува Трибуна.

Избирачки места ќе бидат отворени во различни градови во земјава како што следува:

– Во Битола ќе се гласа во зградата на Генералното конзулство на адреса булевар ,,Први мај” бр. 53
– Во Кавадарци ќе се гласа на адреса ул. ,,Никола Минчев” бб. ( хотел Уни Палас 1)
– Во Охрид ќе се гласа на адреса ул. ,,Македонски просветители” трговски центар Амам локал 205.
– Во Прилеп ќе се гласа на адреса ул. ,,Сотка Ѓорѓиоски” бр. 12
– Во Скопје ќе се гласа во зградата на амбасадата на адреса ул.,,Златко Шнајдер” бр.3
– Во Струмица ќе се гласа на адреса ул. ,,Гоце Делчев” бб ( салонот на хотел Илинден)
– Во Тетово ќе се гласа на адреса ул. ,,Радован Цониќ” бр. 92 ( поранешната зграда на Радио Тетово).

Изборите ќе се одржат со одобрување и соработка со надлежните институции на РС Македонија, со почеток од 7 часот наутро до 20 часот на 2 април 2023 година.
Може да се гласа со документи за самоидентификација, лична карта или пасош, а исто така и со потврда за гласање издадена од конзулските служби на амбасадата во Скопје или конзулството во Битола ако гласачот е со истечени документи и поднесол барање за издавање на нови документи во дипломатското и конзуларното претставништво.