Бугарската амбасада во РС Македонија денеска со свечена церемонија го одбележа 6 мај-Денот на храброста и бугарската армија на бугарските воени гробишта во близина на Струмица.

Во своето обраќање амбасадорот Ангел Ангелов оддаде почит кон подвигот на бугарските војници, кои го дале својот живот за Бугарија.

Во рамки на церемонијата е одржана и панихида за загинатите припадници на бугарската армија.

Венци и цвеќиња поднесоа амбасадорот Ангелов, генералниот конзул на Бугарија во Битола, Димитар Иванов, воениот аташе и присутните граѓани.