Амбасадата на Република Бугарија во Осло осамна со порака од непознат испраќач со зборови на благодарност до Бугарија за укажаната помош на настраданите во трагедијата во Кочани. Пораката е залепена на надворешната информативна табла до влезот на Конзуларното претставништво, јавуваат од бугарското Министерство за надворешни работи.

„Благодарност до целиот бугарски народ за поддршката, за крводарителските акции, како и за неуморната работа на лекарите во Софија, Пловдив и Варна кои ги лекуваат настраданите. Ви благодариме за сета поддршка и помош што ни ја давате во најтешките денови и што покажавте дека со братство и единство заедно можеме повеќе“, се вели во пораката која завршува со зборовите „Со љубов кон Република Бугарија“.