За поредна година бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов заедно со претставници на бугарската амбасада и активисти нa бугарската заедница од Велес и Кавадарци поделија новогодишни пакетчиња во Центарот за дневна нега Велес, Посебното основно училиште ,,Маца Овчарова” Велес и Ресурсниот центар во Кавадарци во склоп на Општинското основно училиште ,,Страшо Пинџур”, јавува Трибуна.

Амбасадорот Ангелов се сретна со раководството на центрите и разговараше со нив за нивното работење, условите и нивните идни проекти со цел помагање на нивната благородна дејност.

Во добротворната акција учествуваа и претставници на невладината организација Истражувачки центар ,,Св. Климент Охридски” и невладината организација ,, Балкански коридор ” од Кавадарци.