Бугарската академија на науките ја награди Агенцијата БГНЕС во категоријата „Онлајн медиуми, информативни агенции, интернет медиуми“ за редовна промоција на настаните на БАН и интервјуа со научници. Наградата за 2022 година академик Јулијан Ревалски му ја врачи на главниот уредник на агенцијата Георги Пашкулев на денот на одбележувањето на 154-годишнината на Академијата.

“Ви благодарам многу. За мене е чест што сум овде – во најстарата бугарска национална институција, формирана уште пред ослободувањето на Бугарија. Ви посакувам во иднина така успешно да ја развивате бугарската наука. Среќен празник!“ им порача главниот и одговорен уредник на агенцијата БГНЕС Георги Пашкулев на присутните гости во салата „Проф. Марин Дринов“, пренесува Трибуна.

Заедно со него на свечената манифестација присуствуваше и извршниот директор на Агенцијата БГНЕС Петар Колев.

Бугарската академија на науките е наследник на Бугарското книжевно друштво, основано на 12 октомври 1869 година во романскиот град Браила. Претседател на друштвото е универзитетскиот научник историчарот Марин Дринов, а секретар е еден од неговите основачи – Васил Д. Стојанов. По ослободувањето на Бугарија, БКД се преселува во Софија и се етаблира како авторитетен научен центар со богата општествено, културна и политичка дејност. Во 1911 година друштвото било преименувано во Бугарска академија на науките и бил усвоен првиот закон за истото.