„Повеќе од 2 години се обидуваме да водиме дијалог со властите во РСМ, но безуспешно. На комесарот Оливер Вархеи му кажавме дека сме тука затоа што нема дијалог меѓу претставниците на властa во РСМ и Бугарската заедница во земјата. Иднината на РСМ е во ЕУ, но тоа не може да биде на сметка на Бугарите кои живеат во земјата“.

Ова го изјавииле Петар Колев, Георги Трендафилов и Љубчо Георгиевски кои денеска се сретнаа со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, а пренесува БГНЕС.

„Парламентот во РСМ наместо да работи на измени за вклучување на Бугарите во Уставот со цел побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ, донесува законска регулатива со цел затворање на клубовите на Бугари во РСМ. Очекуваме во следниот извештај на ЕК за напредокот на РСМ да ги вклучи прашањата за кои разговаравме на оваа средба“, велат тие.

Средбата ја побараа бугарските организации во РСМ.