Бугарската агенција БГНЕС го објави целосниот текст на објаснувачкиот меморандум на Бугарија упатен кон Советот за општи прашања, кој што се одржа на 14 декември во Брисел.
„РС Македонија не го исполнува и го блокира Договорот за добрососедство од 2017 година. Бугарите во РС Македонија се објект на дискриминација и заплашување. Бугарија ја зачувува рамковната позиција прифатена едногласно од бугарскиот Парламент. Името Северна Македонија се однесува само и единствено за Република Северна Македонија. Вклучување на дополнителен критериум за отворање на кластер „основни принципи“ под формата на патна карта за спроведување на Договорот која да биде претставена од Република Бугарија на РС Македонија и да биде одобрена од Советот. Спомнувањето на „македонски јазик“ да се користи како што е запишано во постоечките билатерални документи. Бугарија настојува за неповратни резултати од спроведувањето на Договорот.
Независно од говорот за омраза против Бугарија, Софија сака дијалог со Скопје на сите нивоа и жали за недостатокот на неангажираност од страна на властите во Скопје. Бугарија не го негира правото на самоопределба на граѓаните на РС Македонија. Но тоа не треба да биде врз база на омраза против Бугарија“, тоа се вели во објаснувачката белешка на бугарската страна за Советот за општи прашања, кој што се одржа на 14 декември.
Целиот текст на Документот прочитајте го на следниот линк.
Извор: Трибуна