Аранжманот е договорен на средба меѓу премиерот Кирил Петков и потпретседателката на САД Камала Харис во Вашингтон, соопшти владата.

„Реални испораки на течен природен гас за Бугарија се договорени од јуни по цени пониски од оние на Газпром“, се вели во соопштението на владата, без да се наведат детали, пренесе Ројтерс.

Газпром на 27 април ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска бидејќи одбија да платат во рубљи. Бугарија годишно троши околу 3 милијарди кубни метри гас, од кои над 90% доаѓале од Русија.

Бугарија ги засили преговорите со Азербејџан за зголемување на испораката на гас и се обидува да склучи договори за испорака на ЛНГ преку терминалите во Грција и Турција. Исто така, повика на заедничка набавка на гас на земјите-членки на ЕУ за цените да бидат поконкурентни.