„Декларацијата е еден од многуте чекори во нашата заедничка работа со Република Северна Македонија. Сакаме да постигнеме многу повеќе и да видиме реални резултати“, рече бугарскиот министер Божанов при потпишувањето.

Во рамките на потпишаната Декларација за соработка, двете земји ќе споделат добри практики и ќе разменат искуства меѓу органите на централната власт во областа на стратешкото планирање на услугите за електронска сертификација и електронската идентификација, програмирањето, управувањето и имплементација на програми според алатките за надворешна помош во рамките на Европската Унија.