Последните години Бугарија си постави себе си како држава примарна цел да го унапредува туризмот според моделот – преку лето на море, преку зима на скии, но истовремено да биде препознатлива туристичка дестинација за време на целата година. Целта е на овој начин да се користат до максимум природните, аркитектонските и историските богатства кои ги поседува оваа земја, која има за цел туризмот да го претвори во издржлива развојна гранка.
Во досегашните реултати што ги забележал овој модел имавме можност да се убедиме при нашата посета реализирана на покана на Бугарското Министерство за Туризам за да ги посетиме некои од најпознатите туристички места кај нашиот источен сосед.
Патот од Северна Македонија до бугаркото крајбрежје, поминува насред целата земја, од нејзиниот западен до источниот дел каде и се наоѓат познатите летни дестинации. Затоа, доколку патувате со кола имате одлична можност при патување на приморјето, или при враќање дома, да комбинирате различни туристички искуства.
Освен летниот туризам на море, Бугарија во последните декади инвестира многу и во изградба на спа-хотелски капацитети со термални води, прочуени по своите лековити својства.
Еден таков капацитет, надалеку прочуен, се наоѓа во Старосел. Станува збор за комплекс во срцето на Тракиската низина. Претежно е изграден во традиционален стил, меѓутоа нуди најсовремени стандарди за престојување на гостите. Се наоѓа околу 50 километри од Пловдив, па затоа немате потреба да скршнете многу од патот при патување кон, или од приморјето, за да го посетите овој хотелски компекс, позат по термалните базени со високи лековити својства. Опкружен со прекрасно шумско зеленило, хотелот во Старосел едноставно е одлично место за два-три дена “одмор од одморот на море“, како и за одмор во сите годишни сезони.
Пловдив преставува приказна за себе. Вториот најголем град во Бугарија, истовремено е еден од најстарите градови во Европа и светт.
Поради тоа, на секој чекор се забележуваат историски споменици од времето на траките и римјаните, преку Византија, па се до Османлиското Царство.
Стариот дел на Пловдив преставува атракција која плени со шароликите куќи кои датираат од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Секоја од нив има своја каракеритиќна архитектура, како надвор, така и внатре. Во нив, и ден денеска живеаат сопствениците кои ги наследиле кушите од генерација во генерација, а кои се од различно потекло- покрај Бугари, во овој делод градот живеат и Турци, Евреи, Арменци,…
Се разбира, во овој дел од градот, се наоѓаат и другите најзначајни историски споменици како што се Римскиот Амфитеатар, Цркви и Манастири од различни временски периоди, Католичката Црква, Сефардиската Синагога, како и Џума Џамијата, која датира од 14 век, и се смета за најстара џамија во Европа надвор од Шпанија.
Ако сте стигнале во Пловдив, до море ви остануваат малку повеќе од два часа патување.
Таму може да најдете сместување во грандиозни хотелски комплекси, каков што е Сан Сет Хотел во Приморје. Станува збор за комбиниран модел во кој што може да најдете и хотелско сместување со All Inclusive и Ultra All Inclusive понуди, но и апартманско сместување.
Како и и во секоја друга туристичка дестинација, така и во Бугарија се забележува раст на цените, меѓутоа луксузните одмори во оваа земја и понатаму се со прифатливи цени, скоро за секој турист.
Авиолинија Скопје-Бургас за враќање на македонските туристи во бугарското приморје
Долго време бугарското приморје беше едно од најпосетените летни дестинации за туристите од Македонија, на ист ранг како Грција, Албанија и Турција. Меѓутоа сега во оваа земја од странските туристи најбројни се од Германија и Обединетото Кралство.
Меѓутоа туристичките работници од оваа земја ите како се заинтересирани повторно да ги враќат туристите од Македонија.
“Воспоставувањето на авионска линија Скопје-Бургас-Скопје, барем за време на летните одмори мислам дека би бил вистински чекор”, вели Димитар Германов, градоначалник (кмет) на општината Приморско. До пред неколку години беше село, но сега е модерна општина која ја сочинуваат уште 5 други населени места. Иако има само седум илјади жители, за време на летото ова туристичка дестинација има капацитет за десткратно поголем број туристи. Општинскиот буџет е 14.5 милиони евра, без средствата што се реализират од пројекти на Европската Унија.
“Со ова ние се вбројуваме меѓу богатите општини во БугаријаЌ, тврди градонаќалникот Германов.
Освен нови туристички населби, како што е Приморско, во бугарската ривиера има и градови кои датираат уште од старогрчкиот период, како што се Несебар и Сузопол, надалеку познати не само по убавите плажи, туку и по богатството со историски споменици, лоцирани во старите делови на градот.
Веднаш над приморските туристички центри во овој дел од Бугарија, се воздигнува планината Странџа, која е прогласена од страна на европските експерти како еден од еколошки чистите региони во Европа. Оваа планина нуди одлични услови за рекреација и туризам.
Овде ќе најдете мир и спокојство, кристално чист воздух и волшебна глетка. Ако копнеете за сето ова, повелете, велат преставниците на фондацијата Рафаело, кои работат на промоцијана туристичките капацитети на ова сеуште малку откриена туристичка атракција.