Министерството за надворешни работи на Бугарија ги предупреди сите Бугари да се воздржат од какви било патувања во Украина, јави дописникот на МИА од Софија.
Исто така ги повика и Бугарите кои се во Украина да ја напуштат земјата.
– Ги повикуваме бугарските граѓани кои се на територијата на Украина да преземат мерки да ја напуштат земјата со транспортни средства, достапни во моментот, се наведува во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи.