На зградата „Карл Велики“ на Европската комисија во Брисел денес беше поставен голем транспарент со кој Бугарија е официјално поздравена по повод најавеното пристапување кон еврозоната од 1 јануари 2026 година, јавуваат бугарските медиуми, пренесува Трибуна.

Со ова, Бугарија ќе стане 21-та земја членка на Европската унија која ја прифаќа единствената европска валута – еврото. Европската комисија пред околу еден месец ги заврши сите потребни процедури во нејзина надлежност, оценувајќи дека Бугарија ги исполнува критериумите за влез.

Утре остануваат уште два клучни чекори пред официјалната одлука: Европскиот парламент треба да усвои консултативна позиција, а Советот на министрите за економија и финансии да дадат конечна поддршка со одобрување на три законодавни акти.